Одличните настапи во Ла Лига, четирите гола во својата деби сезона и мајсторските слободни удари го свртеа вниманието на европските гиганти кон македонскиот репрезентативец Енис Барди, па иако само околу четири месеци е во Шпанија, веќе се појавија заинтересирани клубови кои би сакале да го ангажираат.
Како што пишуваат шпанските медиуми, Леванте нема да ја пропушти шансата добро да заработи и во јануари ќе го продаде фудбалерот од средниот ред доколку некој ја плати неговата откупна клаузула или стигне поднуда која ќе биде прифатлива за Леванте.
– Клубот за него стави клаузула од 25 милиони евра, а го плати само 1,5 милиони, па шансата за добра заработка не сака да ја пропушти и секоја таква понуда од гиганти во европскиот фудбал експресно ќе ја прифати, пишуваат медиумите во Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.