
Екипата на ПСЖ испратила неколку скаути во Шпанија, кои од претходниот викенд ќе ги следат настапите на Леванте, односно игрите на нашиот Енис Барди и неговиот соиграч од Колумбија, Џеферсон Лерма.
Македонскиот фудбалер го привлече вниманието на јавноста со фантастичното отворање на кариерата во шпанска Примера, кога се наметна како еден од подобрите новајлии во лигата. Првите неколку натпревари во дресот на Леванте ги одигра на високо ниво и постигна два гола, од кои еден фантастичен од слободен удар.

22-годишниот Барди е на радарот на уште неколку европски екипи како Интер, Сандерленд и Андерлехт. Доколку продолжи со оваа форма несомнено е дека го очекуваат големи нешта во кариерата, а зошто да не и преселба во составот полн со ѕвезди од Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


