| четврток, 6 декември 2018 |

Тато, лута сум на тебе, кога ќе си дојдеш дома-малата Јана првпат го посети татко и во затвор!

Малата Јана го виде и прегрна татко и после повеќе од 1,5 месец, колку што Зоран Марјановиќ се наоѓа во притвор во Окружниот затвор во Белград, поради убиство на сопругата Јелена Марјановиќ.
Девојчето во затвор го донел чичко и Милош.

-Зоран кој е во ќелија не покажува многу емоции, но просто пукна кога го виде детето. Беше еуфоричен, среќен, но многу го погоди кога Јана му рече заедно да одат дома. И рече дека не може, но дека набрзо ќе  си дојде дома. Се прегрнаа и не сакаа да се одвојат еден од друг. Таа е уште мала и не знае што се случува точно со нејзиниот татко, кого не го видела скоро два месеца. Ова е прв пат семејството да ја одведе Јана во посета на Зоран- рекол извор за српски Информер.

-Јана му рекла да Зоран дека е лута на него бидејќи тој не е дома со неа. Зоран ја тешел, зборувајќи и да се стрпи малку и дека ќе дојде-додал изворот.

После посетата, девојчето пред затворот го пречекал Владимир Марјановиќ, кој ги довезол неа и Милош. Тогаш тој ја презел Јана која се уште била расплакана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top