| четврток, 6 декември 2018 |

Ни во училиште не е тргната, а остана сама на светот – малата Јана го слави 7 роденден!

Јана Марјановиќ, ќерка на убиената пејачка Јелена Марјановиќ денеска ќе го прослави 7 роденден.

На девојчето ова му е втор роденден кој го слави без мајка и, но прв кој ќе го прослави без татко и Зоран. Тој од 15 септември минатата година се наоѓа во притвор, поради сомнеж дека ја убил сопругата Јелена.

Јана, која на есен би требало да тргне во прво одделение, после апсењето на татко и, остана во семејната куќа на Марјанвоиќ во Борча. Нејзин официјален старател е чичко и Милош, родениот брат на Зоран Марјановиќ.

Јелена Марјановиќ исчезна на 2 април 2016 година, а утредента во каналот на насипот во Борча пронајдено е нејзиното укажажано тело.

Ова мистериозно убиство скоро две години ја потресува цела Србија, која се уште не ја знае вистина кој ја усмрти пејачката.

Зоран Марјановиќ се наоѓа во притвор, а ако против него во наредните денови не се покрене обвинение, ќе биде пуштен на слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top