Мариса Пауел, претставничката на сојузната држава Јута, во саботата на изборот на мис дала легендарно глупав одговор благодарение на кој преку ноќ стана интернет-сензација.
Поставено и е прашање што мисли за тоа што жените, кои во 40 проценти од американските семејства се главни хранители, се послабо платени од мажите и што зборува тоа за американското општество. Таа малку се испаничила и дала одговор што ѝ донесе „слава“:
– Ова можеме да го поврземе со едукацијата и со начинот на кој продолжуваме да се стремиме да создадеме работни места. Тоа е најголем проблем и мислам дека посебно мажите се лидери во сето тоа и треба да смислиме како да создадеме подобра едукација и да го решиме овој проблем – одговори Мариса и влезе во историјата.
Социјалните мрежи на шега го користат цитатот од филмот: Сите во оваа просторија станаа глупави благодарение на вашиот одговор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)