| четврток, 6 декември 2018 |

Мис на глупоста 2013 – се посрами преку ноќ и стана хит (видео)

missutah_17062013_screenМариса Пауел, претставничката на сојузната држава Јута, во саботата на изборот на мис дала легендарно глупав одговор благодарение на кој преку ноќ стана интернет-сензација.

Поставено и е прашање што мисли за тоа што жените, кои во 40 проценти од американските семејства  се главни хранители, се послабо платени од мажите и што зборува тоа за американското општество. Таа малку се испаничила и дала одговор што ѝ донесе „слава“:

– Ова можеме да го поврземе со едукацијата и со начинот на кој продолжуваме да се стремиме да создадеме работни места. Тоа е најголем проблем и мислам дека посебно мажите се лидери во сето тоа и треба да смислиме како да создадеме подобра едукација и да го решиме овој проблем – одговори Мариса и влезе во историјата.

Социјалните мрежи на шега го користат цитатот од филмот: Сите во оваа просторија станаа глупави благодарение на вашиот одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top