Апелираме посебно до медиумите, ако не се стручни, да не манипулираат на оваа тема!Ова е апелот на министерот за финансии Драган Тевдовски кој го испрати од денешната расправа по Предлог- буџетот за 2018 година со бизнисмените, во врска со зголемувањето на акцизата за дизелот.
Претходно Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, напиша дека повисоката акциза нема да ги погоди сиромашните, зашто тие немаат автомобил.
Упатените велат дека тезата на Јовановиќ е погрешна и дека зголемената акциза ќе ги засегне камионџиите, таксистите и граѓаните кои користат половни возила на дизел, а тоа сепак не се „најбогатите“.Одлуката на Владата да ја зголеми акцизата за нафтата предизвика жестоки реакции во јавноста. Реакциите доаѓаат и од реалниот сектор во економијата, од независни експерти и од загрижени граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.