| четврток, 6 декември 2018 |

Малата Јана го посети Зоран во затвор-Владимир и Милош ја одведоа да го види татко и!

Владимир Марјановиќ денеска ја одвел внуката Јана да го посети татко и Зоран Марјановиќ, кој се наоѓа во Централниот затвор во Белград.

Со нив бил и брат му на Зоран, Милош.

И додека Јана и Милош биле кај Зоран, Владимир во еден момент излегол, влегол во автомобилот и таму чекал тие да се вратат.Кога ги немало подолго време, Владимир излегол од автомобилот и нервозно шетал наоколу.Тој не сакал да дава изјави за новинарите.

После нешто повеќе од еден час, затворот го напуштиле Милош и Јана. Милош кај портирницата ја зел Јана во прегратка и ја внел во возилото во кое ги чекал Владимир.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top