Седмото издание на „Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките се во финална фаза.
Тема на овогодиното издание на СДВ е „Звукот на материјалите”, каде што водејќи се од фактот дека материјалите, нивната достапност и обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.
Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде што водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.
Музичката програма се чини дека е подобра од било кое предходно издание. Пет музички групи од регионот ќе настапат на СДВ: Васил Хаџиманов бенд, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како – кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.
Српска кулинаска забава е перформанс на готвач Мирко Веселиновиќ од винаријата Башек – Веселиновиќ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целoсоно достапен за јавноста.
Викен програмата е резервирана за работлница за дизајн расмислување која ќе ја водат експерти од Балканот и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.
Влезот на Неделата на дизајн и на двете локации, Јавна соба и Лукс мебел и расветa, е слободен за сите посететители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје
-
Георги Шаревски, џез-гитарист: Имам среќа да соработувам со постари и поискусни музичари од мене, што ме научи да бидам понизен и благодарен
-
Васил Хаџиманов гостин на Недела на дизајн во Скопје со промоција на албумот „Alive“
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот