| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ праша: Зошто нема потерница по убиецот на Мартин Јанушев?

ВМРО-ДПМНЕ денес на прес конференција праша зошто нема потерница по убиецот на на младиот фудбалер Мартин Јанушев нагласувајќи дека убиецот за овие три дена можел да избега и да стигне каде сака.

-Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев за овие три дена можеше да се засолни било каде, да бара алиби и да се обиде да ја префрли вината на некое трето лице. Прашањето што се поставува во моментов гласи, кој му ја дава оваа предност на убиецот и зошто тој добива ваков третман? Зошто нема потерница? Каде се снимките од безбедносните камери? Зошто се крие со каков автомобил се движеле? Министерството за внатрешни работи го нема. Исчезна и Оливер Спасовски кој љубеше да држи прес конференции за мачки што гребеле автомобил, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека граѓаните се загрижени за сопствената безбедност заради неефикасноста на полицијата командувана од кадри на СДСМ и вели дека се поголеми се сомненијата дека намерно се одолговлекува со истрагата.

-Дали е тоа така заради политичката блискост на сторителите со високи кругови во власта како што се говори на големо по социјалните мрежи?, јавно праша Нацев.

Според него веќе 3 дена граѓаните се во страв и загрижени за нивната безбедност, а медиумите и невладините организации се плашат да прашаат зошто Оливер Спасовски спие додека убијците се на слобода и во бегство.

-Целиот град зборува и околу мотивите и околу сторители на убиството, само МВР ништо не знае. Медиумите веќе и пишуваат дека се работи за луѓе со дебели криминални досиеја, блиски до СДСМ и новата Влада, рече Нацев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top