| четврток, 6 декември 2018 |

Диета која сите ја сакаат, може да јадете и слатко

Јаболкото го поттикнува метаболизмот и топењето на масните наслаги, а диетата со ова вкусно овошје е полна со витамини и може да ви помогне на здрав начин, без гладување, да се ослободите од вишокот килограми.

Се состои од пет оброци дневно сочинети од разновидни, помалу калорични намирници, а пред трите главни оброци задолжително морате да изедете по едно јаболко.

Во менито треба да внесете младо сирење, немасен јогурт, јајца, пилешко или мисиркино филе, телешко, риба, интегрален ориз, овесни снегулки, брокула, морков, блитва, спанаќ, зелена салата, домати, свежо и сушено костенливо овошје. Во текот на диетата избегнувајте посластици, но еден ред црно чоколадо или половина шака сушено и костенливо овошје се дозволени. Дневното мени треба да содржи малку јаглени хидрати и доволно протеини.

Пример за дневно мени

Појадок: јаболко, омлет од едно јајце и две лажици овесни снегулки прелиени со обрано млеко.

Ужинка: 100 гр младо сирење или чаша јогурт со мал процент на масти.

Ручек: јаболко, 150 гр грилувано пилешко, телешко или мисиркино месо или риба, 100 гр барен зеленчук, 2 шаки интегрален ориз.

Ужинка: порција овошје или варен зеленчук по избор, чаша јогурт.

Вечера: јаболко, 200 гр грилувана бела риба, порција зелена салата зачинета со малку сол и половина лажица маслиново масло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top