| четврток, 6 декември 2018 |

„Лица“ – прво самостојно претставување на Воскресија Андреевска

Денеска, први ноември со почеток од 20 часот на изложбата што ќе се одржи во Музејот на град Скопје ќе бидат претставени 80-тина слики и цртежи изработени во разни техники, изработени од младата уметница Воскресија Андреевска.

Циклусот насловен „Лица” е пред сѐ создаден од желбата на авторката да го сподели и овековечи креативниот порив инспириран од потребата да ги промени конвенционалните идеи и правила за тоа како се создава и пред сѐ како се восприема уметноста во нашата средина.

За своето творештво, Воскресија вели: „Се чувствувам како дете кое за прв пат фатило четка во раката и заборавило каде се границите на листот на којшто создав. Она што го создавам е одраз на моите емоции, импулсот што ме води, мисли кои сакам да ги овековечам. Кога творам, ги откривам скриените делови на мојот дух, се ослободувам и живеам во својата реалност…“

Ова е прво самостојно претставување на Андреевска во Македонија. Нејзината прва самостојна изложба се одржа во Лексингтон, Северна Каролина, САД (уште за време на студиите на ФЛУ Скопје), кадешто во рамките на нејзиниот престој во фондацијата АСОЛАРЕ (ASOLARE Fine Arts Foundation) самостојно изработи и мурал од 8 м2 во градскиот колеџ. Освен со сликаство, Воскресија се занимава и со графички дизајн и до сега, има добиено неколку признанија од оваа област.

Изложбата ќе биде отворена до 14 -ти ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top