| четврток, 6 декември 2018 |

„Бомбата“ на Перишиќ му донесе нови три бода на Интер на гостувањето кај Верона (Видео)

Во последниот натпревар од 11. коло во Серија А, Интер триумфираше во дуелот со Верона и се врати на второто место на табелата.

Резултатот го отвори Борха Валеро во 36. минута. Шпанецот се најде осамен на подалечната статива по нафрлената топка на Кандрева и рутински ја затресе мрежата на домаќините.

Верона стигна до изедначување по еден час игра. Судијата со помош на видео технологијата, која од оваа сезона им е достапна на арбитрите во Серија А, покажа на белата точка, а Пацини ја реализираше најстрогата казна за 1-1.

Сепак, Интер одново стигна до предност. Во 67. минута, по еден корнер, Перишиќ начека една одбиена топка на врвот од шеснесетникот и „испали“ проектил за 1-2 и голема радост на „Нероаѕурите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top