| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот голгетер на Наполи има изненадувачки ниска откупна клаузула

„Газета дело спорт“ им направи голем проблем на челниците на Наполи, со тоа што објави многу интересни информации поврзани со нивниот најдобар стрелец.

Дневникот објави дека одличниот Белгиец, Дрис Мертенс има откупна клаузула од само 28 милиони евра. Кога потпишувале договор со него, „наполитанците“ откупната клаузула ја поставиле на таа сума, и сега, ако некој плати 28 милиони евра – тие не можат ништо.

Сепак, Мертенс во мај наполни 31 година, па веројатно Наполи се надева дека поради возраста и нема да биде многу привлечен за гигантите од Европа, но во секој случај најдобро за „наполитанците“ би било да потпишат нов договор со Мертенс и да ја коригираат цената за која тој би бил достапен за заинтересираните клубови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top