| четврток, 6 декември 2018 |

Педесет болни и немоќни лица гласаат во Македонска Каменица

Во Македонска Каменица денеска гласаат 50 болни и немоќни лица во рамки на изборниот процес од вториот круг на локалните избори.

Како што информираше Сања Митревски, претседател на Општинската изборна комисија од Македонска Каменица, изборните материјали се доставени до сите избирачки одбори и гласањето тече без проблеми.

– Во Македонска Каменица денеска гласаат 50 болни и немоќни лица. За разлика од првиот круг, имаме 17 лица повеќе кои се запишани да гласаат денеска. Избирачките одбори се на терен и досега гласањето тече во најдобар ред, истакна Митревска.

Во оваа општина се гласа на 17 избирачки места, а вкупно запишани избирачи со право на глас се 6754.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top