Во пресрет на вториот круг на локалните изобри, кандидатите за градоначалници на општина Бутел, Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и неговиот против кандидат, Велимир Смилевски од СДСМ, синоќа се соочија на ТВ дуел во МРТ. Костовски таму црно на бело го докажа тоа што од почетокот на кампањата го тврдеше, дека неговиот канкурент воопшто не живее во Бутел и извади документи кои според него покажуваат дека Смилевски не живее во општината во која се бори да стане градоначалник. Тој го покажа имотниот лист од куќата во која тврди дека живее Смилевски и тврди дека тој својата куќа си ја продал.
– Требаше чесно човечки да признаете дека не живеете во Бутел и тоа повеќе од 10 години. Не само што не живеете, туку сте ја продале куќата, изјави Костовски.
По дуелот, кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ преку социјалните мрежи порача дека по двата ТВ-дуели со Смилевски јасно е дека тој навистина не живее во Бутел, а откако тоа му било докажано црно на бело, кандидатот на СДСМ ја сменил приказната, па почнал да вика дека куќата не е негова, но во неа имал соба.
– После двата ТВ дуели заклучив дека:
1. Велимир не живее во Бутел!!!
2. Има лична карта во Бутел, додека фамилијата му е со лична карта таму каде што си живеат.
3. Тврдеше дека дека има куќа во Бутел,откако најдовме имотен лист и видовме дека куќата е на друго лице, Велимир смени став и почна да вика дека куќата не е негова но имал соба во истата.
Значи Велимир ја продал својата куќа во Бутел но задржил една соба, ЦИРКУЗ!!!, пишува Костовски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарко Костовски од денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ порача: Без силен национален дух нема силна Македонија!
-
Ова е класичен политички прогон, приведените итно да се пуштат на слобода
-
СДСМ во Бутел не може да избере претседател на Совет, двајца советници им откажаа послушност
-
Кандидатот на СДСМ фатен во лага: Вие 10 години не живеете во Бутел, вашата куќа тука е продадена