| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ во Бутел не може да избере претседател на Совет, двајца советници им откажаа послушност

За ова предупредував на време, што се случува со СДС во Бутел? Велимир не може да си ги контролира своите советници а камоли општината, пишува Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил.

– Имено денеска на првата седница на советот на општина Бутел требаше да се избере претседател на совет, според првичните информации СДС за ова место го планираше Наим од Љуботен, но откако СДС ни од блиску не успеа да обезбеди мнозинство, се откажа од свој предлог за претседател на совет. Она што е интересно е тоа што денеска двајца советници од листата на СДС откажаа послушност и отидоа против СДС.

– Се на се циркуз од големи размери,непринципиелните ветувања кои ги правеше СДС во Бутел за време на кампањата уште од прв ден им се удрија од глава. Со непринципиелна политика добиваме тотално дисфункционална општина! Хаосот допрва почнува, пишува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top