Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од СДСМ, Велимир Смилевски вечерва во дебатата со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, призна дека тој не живее во таа општина и рече дека го менува своето место на живеење во зависност од годишното време.
– Јас и ден денеска живеам во Бутел, живеам зимно време и во друга друга општина, летно време и викендувам во трета општина, призна Велимир Смилевски.
– Емисијата се вика „Само вистина“ и се надевав дека ќе ја говорите само вистината, меѓутоа го прекршивте тоа правило на самиот почеток. Не значи дека ако имате адреса на живеење, и живеете во Бутел. Ова е груба лага и луѓето од Бутел 2, каде што би требало да живеете, каде што се води вашата адреса најдобро ќе ја проценат и се надевам дека тоа соодветно и ќе го казнат. Вие не живеете во Бутел повеќе од 10 години и најдобро тоа вие го знаете. Вашата куќа е продадена во Бутел, а вие сте останати таму со адреса, му посочи Костовски на Смилевски.
Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се надевал оти Смилевски досега ќе признаел дека повеќе не живее во општина Бутел.
– Лично сметам дека со тоа што СДС кандидираше човек за градоначалник кој што не живее во Бутел, апсолутно ги потцени граѓаните во Бутел. Тоа во првиот круг можеби и не се знаеше и не се пласираше, меѓутоа веќе го дознаа тоа. Токму заради тоа сметам дека ќе ни биде еден од клучните аргументи врз основа на тоа како ќе настапиме во однос на вториот круг, истакна Костовски.
Тој на Смилевски му посочи дека со тоа што лаже оти живее во Бутел, само ги потценува граѓаните на таа општина.
Откако Смилевски го покани Костовски по завршувањето на емисијата да пијат кафе во куќата во Бутел, за која тој тврди дека живее во неа, Костовски истакна дека во тој случај, кафе би пиеле во куќа во која не живее Смилевски, туку живеат други луѓе од бошњачка националност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарко Костовски од денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ порача: Без силен национален дух нема силна Македонија!
-
Ова е класичен политички прогон, приведените итно да се пуштат на слобода
-
СДСМ во Бутел не може да избере претседател на Совет, двајца советници им откажаа послушност
-
Ѓорчев: Вчера ни се случија нерегуларни и насилнички избори, а за тоа има фото и видео докази