| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дела од Шќипе Мехмети во Мала станица

Во рамки на годишната програма на Националната галерија на Македонија е изложбата на графичарката Шќипе Мехмети, која ќе се одржи на 24.10.2017 година, вторник, во мултимедијалниот центар Мала станица, во 20.00 часот.

На изложбата ќе бидат презентирани околу 30 графички листа кои Мехмети ги има изработено во последните неколку години, а се однесува на темата на жената нејзината фрагилност, а и моќ од друга страна.

Изложбата е насловена „Фрагилност“ и вклучува графики во разновидни графички техники од сува игла, комбинирана техника итн. Изложбата ќе биде поставена до 2 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top