| четврток, 6 декември 2018 |

Ја оставил сама в кино да го гледа филмот, но следувало големо изненадување (видео)

Лијам Купер сними цел музички спот за да ја побара својата сакана за жена. 23-годишниот Австралиец со месеци го снимал видеото кое ѝ го покажал на својата девојка Ејми во кино-сала.

Видеото е преработка на видеозаписот за големиот хит „Rude“ на Magic!, а во него главна улога има и таткото на идната невеста.

За да ја реализира замислата, креативниот дечко морал да одглуми дека заминува на бизнис патување, да позајми Порше од пријател и да ги замоли пријателките на Ејми да ја носат на кафе додека тој снимал во нејзиниот дом. Резултатот е забавен предлог за брак на кој тешко некој би кажал „не“.

На крајот од видеото се појавуваат и членовите на групата Magic! и му честитаат на среќниот пар.

Погледнете го видеото …

извор:среќа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top