Ломбардија и Венето, две од најбогатите области во Италија денес решаваат на референдум дали сакаат поголема автономија од централните власти во Рим. Референдумите во регионите во кои живее блиску четвртина од населението на земјата и каде се создава приближно 30 отсто од бруто нејзино домашниот производ, нема да се обврзувачки, ниту имаат за цел независност. Регионалните власти, сепак, ќе го користат евентуалниот позитивен резултат за поддршка на автономијата и да издејствуваат поголеми отстапки од Рим.
Тие уверуваат дека случајот нема многу заедничко со референдумот во Шкотска (која гласаше за отцепување од Велика Британија во 2014 година) или со Каталонија, иако политичарите на чело на Венето и на Ломбардија, во минатото се изјаснувале или давале поддршка за отцепување. Сепак, она што сега се бара главно се однесува на финансиски и административни отстапки. Според „Гардијан“двете северноиталиански провинции може да се обидат да се здобијат со статус на еден вид „полуавтономија“.
извор: весник Илинден.ком
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.