| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанка го малтретирала синот и го чувала заклучен во соба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело загрозување на сигурноста, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(56) од Охрид.

Според информациите на МВР, пријавената, во подолг временски период го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ куќата на нејзиниот син В.Ѓ. (34).

– Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови – велат од охридската полиција.

Поради таквото однесување на мајката, на В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош во Општа болница во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top