Синоќа беше убиена најчитаната новинарка во Малта, г-ѓа Дафне Галиција Каруана (53 години), со поставена бомба во автомобилот Пежо 108 што го возела во тој момент (автомобилот бил изнајмен).
Полицијата сеуште го истражува случајот и не ја потврдува целата случка со детали. Беше убиена попладнето по објава на последниот текст на својот блог.
Таа ја критикуваше и сегашната Влада на премиерот Мускат, а беше една од првите која ги откри и ги публикуваше компаниите и имињата на политичaрите од Малта кои беа вовлечени во аферата „Панама Пејпрс“.
Објави и дека сопругата на Премиерот, г-ѓа Мишел Мускат дека е вовлечена во аферата во Панама, со која критика „предизвика“ и избори во јуни годинава во Малта.
Пишуваше за „Тајмс оф Малта“ и беше уредник во истиот весник, кој е воедно и најчитан на островот. Беше колумнист и во „Индепендент оф Малта“, но нејзиниот личен блог го предизвикуваше најголемото внимание во новинарската фела. Дафне беше ценета како една и од највлијателните новинари во Европски рамки, не само во Малта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.