| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Стинг вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје

Легендарниот музичар и некогашен член на „Полис“ (Police) и соло изведувач, Гордон Самнер Стинг пристигна во Македонија и вечерва има концерт во салата „Борис Трајковски“.

Стинг е досега шеснаесет пати наградуван со Греми, најпосакуваниот музички оскар, а промотиовната турнеја чиј дел е и вечерашниот концерт во Скопје почна во февруари годинава и ги опфаќа сите континенти.

На своите настапи тој свири неколку песни од новиот албум, како и најголемите кариерата: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на групата „Полис“: „Message in the bottle“, „Walking on the Мoon“, „Every breath you take“… а бината ја дели со своите долгогодишни соработници гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис. Вечерв специјален гостин ќе биде неговиот син Џо Самнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top