На луксузниот имот во Италија на популарниот музичар Стинг е откриено дека работат илегални мигранти.
Имотот на Стинг, кој се протега на 350 хектари, во рамките на кој се наоѓаат лозја, маслинарници и овоштарници, е еден од предметот на истргата во случајот на искористувањето на илегалните мигранти како работна сила, пишува „Гардијан“.
Бегалците на кои не им се одобрува престојот во Италија наводно ги ангажира една компанија и ги праќа да работат на неколку локации во Тоскана, каде што, помеѓу останатите, се наоѓа и имотот на Стинг. Италијанските државни обвинители веруваат дека имотите кои ги ангажирале работниците преку ова компанија не биле запознаени со фактот дека станува збор за илегална работа.
Сепак, се говори дека илегалците живеат во катастрофални услови и дека ги третираат како робови.
Шокираниот музичар изразил жалење кога дознал дека компанијата ангажирала илегална работна сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.