| четврток, 6 декември 2018 |

На годишнината од масакртот во Париз, Стинг ќе настапи во „Батаклан“

Рок пејачот Стинг ќе ја отвори „Батаклан” – познатата концертна сала во Париз, каде џихадистите убија 90 лица, пренесува АФП. Неговиот настап ќе биде симболичен за да ја одбележи првата годишнина од најкрвавиот терористички напад во Франција.
На 13 ноември 2015 година (петок) ноќта на ужасот започна откако три лица се саморазнесоа во близина на националниот стадион на Франција – “Стад де Франс”.
Други екстремисти од терористичката група “Исламска држава” отворија оган врз беспомошни луѓе кои се наоѓаат во кафулињата. Најголема сепак беше трагедијата во “Батаклан”, каде посетителите на тогашниот концерт во салата беа стрелани еден по еден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top