| четврток, 6 декември 2018 |

Стинг и Кајли Миног ќе и пејат на кралицата Елизабета за роденденот

Нејзиното величество кралицата Елизабета Втора ќе го прослави нејзиниот 92-ри роденден со концерт во живо, кој ќе биде одржан во Ројал Алберт Хол на 21 април оваа година. Помеѓу изведувачите ќе се најдат познати имиња како Стинг, Шеги и Кајли Миног.

Преносот од концертот ќе биде на телевизијата BBC One, а само аудио пренос ќе може да се слушне на BBC Radio 2.

Стинг и Шеги ќе настапат заедно за да го честитаат роденденот на британската кралица. Дуото најави дека годинава ќе издадат заеднички албум, па може да се очекува дека на сцената ќе биде изведена и некоја песна од албумот кој е во подготовка.

Покрај нив, на роденденската прослава ќе настапат и сер Том Џонс, Кајли Миног и Крег Дејвид, кои присуството го најавија уште пред неколку дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top