Денеска во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле се изврши примопредавање на апаратот за хемокултури кај децата, што претставува заедничка донација на компанијата „Тинекс“ преку платформата „Тинекс, ти и јас“ и „Ротари-клуб Скопје“.
Во присуство на претставникот на „Тинекс“, Цветанка Христовска, и во присуство на директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, д-р Оливер Зафировски, претсдателот на „Ротари-клуб Скопје“, Огнен Фирфов, и претставникот на Биотек, Анкица Синадинова-Базерко, се изврши примопредавањето на апаратот за хемокултури кај децата.
– Ни претставува особена чест и задоволство што ја продолжуваме соработката со Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, и тука посебно сакам да му се заблагодарам на директорот Зафировски за соработката и кооперативноста во заокружување на целиот овој проект. Компанијата „Тинекс“ безрезервно ќе ја дава својата максимлана поддршка кога се работи за децата.
Со оваа донација ќе ја подобриме состојбата во Институтот и децата ќе добијат апарат за хемокултури. Можеме слободно да кажеме дека и понатаму можат да сметаат на компанијата „Тинекс“ како сериозен партнер во борбата со сите детски болести. Сакам да ја истаканам и големата благодарност до „Ротари-клуб интернешнл“, „Ротари-клуб Македонија“, кои се дел од оваа донација- изјави Цветанка Христовска, претставник на компанијата „Тинекс“.
Компанијата „Тинекс“ досега преку платформата „Тинекс, ти и јас“ донираше во Институтот 1.000.000 денари за набавка на опрема.
– Благодарни сме на платформата „Тинекс, ти и јас“ која овозможи повторно да реализираме еден исклучително значаен проект, како што е набавката на апаратот за хемокултури кај децата- изјави директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Оливер Зафировски.
„Тинекс“ во изминатите 19 години, со целиот свој тим континуирано работи на подобрување на квалитетот на живеење и поттикнување на филантропскиот дух во бизнис окружувањето. Активностите од ваков карактер се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живеење во нашата заедница и нејзиниот развој. „Тинекс“ со своите активности се труди да го подобри квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија и да им помогнеме на сите оние на кои помошта им е повеќе од потребна.
Преку платформата „Тинекс, ти и јас“ компанијата во иднина ќе продолжи да имплементира проекти и активности во овој сегмент и да вложува во заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Без вода жителите на улица „Козле“
-
Во Детска болница Козле немало пожар, туку топење на каблите во еден од тоалетите
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми