| четврток, 6 декември 2018 |

„Тинекс, ти и јас“ и „Ротари клуб Скопје“ донираа апарат за хемокултури кај децата

aparat1Денеска во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле се изврши примопредавање на апаратот за хемокултури кај децата, што претставува заедничка донација на компанијата „Тинекс“ преку платформата „Тинекс, ти и јас“ и „Ротари-клуб Скопје“.

Во присуство на претставникот на „Тинекс“, Цветанка Христовска, и во присуство на директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, д-р Оливер Зафировски, претсдателот на „Ротари-клуб Скопје“, Огнен Фирфов, и претставникот на Биотек, Анкица Синадинова-Базерко, се изврши примопредавањето на апаратот за хемокултури кај децата.

– Ни претставува особена чест и задоволство што ја продолжуваме соработката со Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, и тука посебно сакам да му се заблагодарам на директорот Зафировски за соработката и кооперативноста во заокружување на целиот овој проект. Компанијата „Тинекс“ безрезервно ќе ја дава својата максимлана поддршка кога се работи за децата.

aparat

Со оваа донација ќе ја подобриме состојбата во Институтот и децата ќе добијат апарат за хемокултури. Можеме слободно да кажеме дека и понатаму можат да сметаат на компанијата „Тинекс“ како сериозен партнер во борбата со сите детски болести. Сакам да ја истаканам и големата благодарност до „Ротари-клуб интернешнл“, „Ротари-клуб Македонија“, кои се дел од оваа донација- изјави Цветанка Христовска, претставник на компанијата „Тинекс“.

 Компанијата „Тинекс“ досега преку платформата „Тинекс, ти и јас“ донираше во Институтот 1.000.000 денари за набавка на опрема.

– Благодарни сме на платформата „Тинекс, ти и јас“ која овозможи повторно да реализираме еден исклучително значаен проект, како што е набавката на апаратот за хемокултури кај децата- изјави директорот на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле,  Оливер Зафировски.

„Тинекс“ во изминатите 19 години,  со целиот свој тим континуирано работи на подобрување на  квалитетот на живеење и поттикнување на филантропскиот дух во бизнис окружувањето. Активностите од ваков карактер се од суштинско значење  за подобрување на квалитетот на живеење во нашата заедница и нејзиниот развој. „Тинекс“ со своите активности се труди да го подобри квалитетот на живот на граѓаните на Република Македонија и да им помогнеме на сите оние на кои помошта им е повеќе од потребна.

Преку платформата „Тинекс, ти и јас“ компанијата во иднина ќе продолжи да имплементира проекти и активности во овој сегмент и да вложува во заедницата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top