| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип гласаат болните и осудените лица

Во Штип денеска гласаат 88 болни и изнемоштени лица и 246 осуденици во Затвор Штип. Членовите на 80. Избирачки одбори (ИО) од рано утринава од Општинската изборна комисија го преземаат доверливот материјал и во придружба на полиција го носат на избирчаките места, каде што се подготвуваат за утрешното спроведување на локалните избори.

Лазар Хаџи-Николов претседател на Избирачкото место (ИМ) 2298, кое се наоѓа во Државното средно музичко училиште „Димитар Мирасчиев“ посочи дека денеска своето право на глас со остварија три болни и изнемоштени лица.

– Гласањето во домовите на болните и изнемоштени лица се спроведе без никакви проблеми. Избирачото место 2298 утре ќе биде отворено во седум часот, а ќе се затвори во 19 часот, изјави Хаџи-Николов.

Претседателот на Избирачкиот одбор во Затвор-Штип, Влатко Конев информира дека на списокот се евидентирани 246 лица кои имаат право на глас.

– Избирачкото место во Затвор Штип утринава го отворивме во седум часот, а ќе биде затворено во 19 часот, посочи Конев.

Во Штип утре ќе се гласа на 80 избрачки места, а своето право на глас може да го остварат 42.083 гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top