
Детективката Катарина Остојиќ, паралелно со полицијата водела истрага за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ и во емисијата Парови открила детали за Зоран кој своевремено го запознала.
-Еднаш го чекав од 11 вечерта до три ипол изутрина на Кнез Михајлова. Тој постојано ја одлагаше средбата и измислуваше изговори, а всушност не сакаше да дојде без мајка му и татко му. Неговиот свет е куќата, а господ му е мајка му. Тој е дете од 9 години, тој воопшто не е човек-рекла детективката.

Катарина Остојиќ вели дека Марјановиќ по убиството станал магнет за жени.
-Се јавуваа од сите страни. Му пружаа поддршка. Мене ми праќаа селфи од тоалет, за да ги проследам на Зоран. А и тој не можеше без нив. Нему постојано му беа потребни жени, бидејќи без нив не можеше да функционира. Никаде во таа поддршка која му ја пружаа жените, не беше спомената Јелена. Секој ден му пристигаа срциња, свеќи, сила…И тие нему му се допаѓаа, но не смееше многу на прави поради Зорица и нејзината љубомора-рекла Катарина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


