| четврток, 6 декември 2018 |

Не можеше повеќе да издржи-Ана Севиќ конечно проговори за Лукас!

Во естрадните кругови се шушкаше дека пејачката Ана Севиќ во својот кревет го носела Аца Лукас, додека нејзиниот сопруг Дарко Лазиќ бил на настапите, како и дека му праќала љубовни пораки на Аца.

Таа сега открива во какви односи е со пејачот, но и со својот сопруг.

-Аца е мој драг колега, зошто не би биле добри?Едноставно сите на естрадата функционираме убаво, без оглед на тоа што се пишува. Кога би верувале во тие работи, никој со никого не би разговарал. Дарко и Аца секогаш биле добри и се уште се-рекла Ана Севиќ за Блиц.

 

Кога се појавија приказните дека Ана е љубовница на Лукас и тоа подолго време, се шушкаше дека токму тоа е причината за нејзиниот развод од Дарко, но Ана вели дека од крај на бракот нема ништо.

-Ма каков развод?Не разведуваа и пред да се венчаме, така што на тие работи за жал сме навиканти. Ние сме во истата работа и апсолутно знаеме како се функционира. Знаеме што е вистина. Кој што сака нека верува во што сака, јас во ништо не би се мешала-рекла Ана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top