| четврток, 6 декември 2018 |

Во Чешка уапсен македонски државјанин за трговија со дрога

praga policija

Припадници на чешката Единица за борба против дрогата притворија седум лица меѓу кои и еден македонски државјанин, осомничени за трговија со дрога.

Се работи за 6,6 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар е 1,6 милион евра.

– Главните организатори на овој вид криминал беа двајца етнички Албанци, еден граѓанин на Македонија, а другиот е државјанин на Србија. Сите биле предводени од други лица од албанска националност – изјави портпаролката на чешката полиција.

Групата во Чешка тргувала со кокаин и хероин, користејќи ресторан во центарот на градот, каде што се пакувала дрогата пред нејзината дистрибуција.

На петмина од притворените, доколку се покаже дека се виновни, им се заканува затворска казна од 8 до 12 години, а на двајца до 5 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top