| четврток, 6 декември 2018 |

Додека Заев ветуваше живот, на Клинички почина уште едно дете

Вчера попладне, токму во моментите кога СДСМ имаше митинг на кој лидерот на партијата ветуваше живот во Македонија, поради негрижа, на Клиниката за детски болисти поина дете.

Детето пред два дена било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис.

Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести.

Телевизија Канал 5 јави дека и покрај препораките детето не било пренесено на интензивна нега, поради тоа што таму немало место, а тоа за нив го потврдила Лилја Којиќ која е шефица на одделот за интензивна нега на деца кој располага само со 6 места за итни случаи.

Во моментите во кои поради лекарска негрижа починало детето, лидерот на СДСМ, на централниот митинг на партијата кој се одржа пред владата, ветуваше живот.

Тој рече дека на 15. октомври ќе се заокружат промените во Македонија и повика на ослободување на Македонија од остатоците на режимот.

Да стигне животот во секој град, село, во секое катче. Бараме поддршка од левичари, десничари, центристи, сите, рече Заев.

Статистиките кажуваат дека оваа влада е рекордер по бројот на смртни случаи на новороденчиња и деца. Минатата недела, во еден ден починаа 4 новороденчиња а владата и Министерството за здравство пробаа да го скријат случајот.

Во исто време, додека се случува ова, заедно со премиерот Заев и министерот за здравство Арбен Таравари води кампања како кандидат за градоначалник на Општина Гостивар од Алијансата на албанците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top