| четврток, 6 декември 2018 |

Ристески: СДС ни го продаваат најсветото – најавуваат двојазичност и промена на историјата, прилепчани ќе ги казнат на октомври!

 

Прилепчани, вие сте тие кои ја пишувавте и пишувате историјата со која се гордееме денес. Секогаш сме биле цврсти, храбри, истрајни и секогаш сме застанувале на браникот на својата татковина. Верувајте така ќе биде и овој пат, бидејќи сега сме најпотребни на Македонија, на прилеп, на се она што ни го оставија нашите прадедовци. Ова го порача кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп и актуелен градоначалник, Марјан Ристески.

-Боли душата, солзи ни идат на очите кога слушаме како од срцето на Прилеп најавуваат двојазичност, зарем тоа го заслужуваат прилепчани? Како не им е срам, кај ќе им оди душата и како ќе се појават пред нивните деца,пред нивните внуци како ќе им го објаснат тоа? Ни го продаваат најсветото, го потпишаа срамниот договор со Бугарија од кој најмногу сме погодени ние – да ние прилепчани. Ја повредија гордоста, ги повредија чувствата на Прилеп кој даде над 600 жртви во борбата над фашистичката окупација. Овие полтрони и предавници сакаат да го oстават во дилема народот дали биле залудни тие жртви и дали било тоа граѓанска војна како што кажуваат. Доаѓа најсветлиот празник во историјата на Прилеп – 11-ти Октомври, после овој срамен договор почитувани сограѓани што ќе славиме, што ќе слават? Дали ќе не тераат во иднина да ја промениме историјата? Да кажеме дека участакот не бил фашистички затвор каде биле мачени и убивани луѓе. Одговор можат да добијат и од боречката организација каде без срам и перде се чести гости. Овие како што се тргнати да го променат името на државта, така ќе не натераат да го промениме и името на паркот на револуцијата од „Могила на непобедените“ во „Могила на залудно загинатите во граѓанска војна“, срамота, истакна Ристески.

Пред огромниот број сограѓани, Ристески потенцира уништувачите на Прилеп и Македонија посакуваат да ја сменат и демографската слика на градот.

-Замислете во план им е илјадници мигранти и бегалци од Сирија, Алжир,  Авганистан,  да ни ги вгнездат тука и од еден од најмирните, најубави места за живеење да го претворат во град на немир и несигурност. И најголемото демократско право на еден народ да одлучува на референдум го скратија, господата од СДС не дозволија народот да одлучи дали сака бегалци, мигранти и немир во градот или не. Почитувани сограѓани токму одовде од оваа говорница од центарот на градот , од плоштадот Методија Андонов Ченто да им порачаме  ДА, референдум ќе има, референдум ќе бидат претстојните локални избори на 15-ти октомври кога народот и прилепчани ќе ги казнат за сето она што го прават против Прилеп и Македонија, тоа ќе им биде референдум, порача Ристески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top