На денешната средба на медиумите, директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер ја претстави програмата на активности до крајот на годината, насловена како „Културни патеки – есен 2017“.
-Францускиот институт во Скопје нуди богата и интензивна есенска програма, отворена кон новите форми на изразување, креативност и меѓукултурен дијалог, истакна Рембер.
Од уметничките средби следуваат во петок (20 октомври) 20 часот | Мултимедијален простор на радио Канал 77 во Штип-Отворање FFFMK во Штип: „Каприс“ (2014) на Емануел Муре со Виржини Ефира и Анаис Демустие.
СТРУМИЦА Петок 27 октомври 2017, 20 ч. | Дом на културата во Струмица
Отворање FFFMK во Струмица: „Маестро“ (2013) на Леа Фразер со Пио Мармаи и Мајкл Лонсдејл
ОХРИД Среда 1 ноември, 2017, 20 ч. | Филмска академија во Охрид
Отворање FFFMK во Охрид: „Човекот којшто многу го сакавме“(2014) на Андре Тешине со Гијом Кане и Катрин Денев
КУМАНОВО
Петок 3 ноември 2017, 20 ч. | Кино „Козјак“ во Куманово
Отворање FFF.MK во Куманово: „Жапелу“ (2012) на Кристијан Диге со Гијом Кане и Марина Хандс
СКОПЈЕ
Среда 15 ноември 2017, 20 ч. | Кино Милениум
Затворање на FFF.MK на фестивалот Синедејс
Програма:
20 часа: Проекција на “Двоен љубовник” (2017) на Франсоа Озон
22 часот: Проекција на “Годар” (2017) на Мишел Азанависиус
Современа уметност
Петок 13 октомври 2017, 19ч.| ЕУ инфо центар
Предавање на Вероник Субен, директорка на Регионалниот фонд за современа уметност Нормандија (FRAC) и експерт по уметност и дизајн
„Современата уметност преку изложбите на Регионалниот фонд за современа уметност на Нормандија“
Крај на месец ноември 2017, 19 ч. | Музејот на современа уметност во Скопје
“Миграции”
Со учество на француско-албанскиот уметник Анри Сала во рамките на групна изложба организирана од Музејот на современа уметност во Скопје
Книжевна вечер
Понеделник 20 ноември 2017, 19ч.| Француски институт во Скопје
Книжевна средба со францускиот автор Давид Фоенкинос и промоција на преводот на неговиот роман „Деликатност“, во издание на „ИЛИ-ИЛИ“
Кино-клуб
Четврток 30 ноември 2017, 20 ч. | Кинотека на Македонија
“Новиот” на Руди Розенберг (2015), со Рафаел Гренасја и Џошуа Рака
Четврток 14 декември 2017, 20 ч. | Кинотека на Македонија
“Ноктурама” од Бертран Бонело (2016), со Финеган Олдфилд и Венсан Ротје
Од областа на наука и идеи во понеделник 9 октомври 2017 година, 19 ч. | ЕУ инфо центар
“Иднината на европската интеграција” Со учество Тјери Шопен, Директор на студии при Фондацијата Робер Шуман.
Источен фронт
Петок 9 ноември 2017, 10 ч. | Хотел „Епинал“ во Битола
Научен ден посветен на Источниот фронт
Со поддршка на Регионот Нормандија
Научно истражување
Петок 8 декември 2017, 11 ч. | Македонска академија на науките и уметностите
Научен ден и презентација на проекти во рамките на програмата Хоризонт 2020
Новиот директор на Францускиот институт во Скопје своето доаѓање во земјава го опишува во есеј насловен „На мостот“ кој е објавен на страницата на Институтот. Интегрално го пренесуваме есејот:
Вечерта на моето пристигнување во Скопје, ја препрочитувам „Користење на светот“ (L’usage du monde) од Никола Бувје (првото издание 1963). Патепис, расказ за земји, земјени површини, земјишта и за францускиот јазик. Се наоѓаме во педесеттите, шеесеттите години.
Се будам и ми навира мислата дека во 2008 година се одбележуваат 25 години дипломатски односи помеѓу нашите две држави. Сребрен јубилеј. Во чест на оваа годишнина, посакувам годинава да биде особено богата, исполнета и иновативна во сите области на нашата соработка.
Напладне, имам разговор со прекрасниот тим на Францускиот институт во Скопје.
Им велам дека треба да бидеме создавачи на сите мостови помеѓу нашите две земји.
Постојат луѓе кои остануваат вчудовидени пред фактот дека толку тешки и големи предмети, како авионите на пример, можат да летаат во воздухот. За мене, пак, мистеријата се крие во мостовите, кои, исто така, се реалност.
Во 16 часот, се среќавам со македонски партнер. Зборуваме за идни проекти, она што ќе нè сврзува. Уште сводови и мостови. Целина и подробности.
18 часот. Како по обичај, навлегувам во виртуелниот свет, ги прегледувам мејловите. Од лето со Бувје до дигитална зима!
21 часот – пишувам во кујната. Малку сум уморен, но сфаќам дека денот имаше своја убавина. Кога моето лице би можело да каже нешто, би проговорило благодарам што сум овде.
На заспивање, пред мене се преписките на Флобер кои никогаш не ме изморуваат, Добро, знам дека не сум во Скопје за да читам писател од Нормандија. Покрај него, на ноќната масичка, стојат уште неколку македонски автори преведени на француски: Шопов, Урошевиќ, Андоновски, Андреевски, Плевнеш, Старова и Мицковиќ, на кои нема да задоцнам да им се придружам.
Потоа следи разложување на луѓе и места низ сон.
Се будам, го слушам предавањето на Антоан Компањон од Колеж де Франс (Collège de France) на тема: За книжевноста како борбен спорт:(…) во 19-тиот век насекаде гледаме двобој, книжевно истоштување. Во 20-тиот век, пак, боксот најде свое место во делата на Хемингвеј или на Монтерлан. Тоа е долгата приказна за мефората за „железното перо“, за „двобојот“ и за „книжевниот мегдан“.
Емануел Рембер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.