| четврток, 6 декември 2018 |

Предавање на реномираниот француски професор Тјери Шопен во Скопје

Францускиот институт организира предавање на реномираниот француски професор Тјери Шопенпрофесор на Високата Школа Collège d’Europe и директор за студии во Фондацијата Роберт Шуман, на тема „Иднината на европската интеграција“.

Предавањето ќе се одржи в понеделник, 9 октомври, во 19 часот, во ЕУ инфо центарот, а ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија.

Тјери Шопен е доктор по политички науки на Високата Школа за општествени науки.
Тој е директор на студии при Фондацијата Робер Шуман, професор на Католичкиот универзитет во Лил (ЕСПОЛ) и визитинг професор на Collège d’Europe во Бриж.
Автор е на повеќе дела на тема европски прашања, меѓу кои Политичка фрактура на Европа, Криза на легитимитетот и политички дефицит, Состојбата на Унијата. Кодиректор е на Извештај на Шуман за Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top