Францускиот институт во Скопје информира за затворањето на овогодишната сезона на францускиот киноклуб со проекцијата на филмот „Не сум ништожник“ в петок, 26 мај 2017 год, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија.
-Филмот е во режија на Емануел Финкиел (2014), а Никола Дивошел, Мелани Тјери и Марин Карјон ги играат главните улоги. Никола Дивошел беше номиниран за најдобра машка улога на овогодишната церемонија на доделување на престижните филмски награди Цезар, велат од Францускиот институт.
„Никола Дивошел, подобар од кога било, оди докрај во оваа социјална мелодрама, којашто одлично ја прикажува денешницата. Без шега, одличен филм“, беше напишано во реномираниуот француски весник Л’Експрес.
Филмот е со превод на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура