Кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ратко Димитровски, денеска од локацијата кај кочанската населба Драчевиќ, рече дека општината работи на донесување детален урбанистички план и нови 100 локации за изградба на семејни куќи за млади брачни парови.
– Овој проект е многу значаен за иднината на Кочани. Онаму каде што СДСМ би можеле да планираат и да ги населат мигрантите, ќе има нова населба, но за нашите сограѓани. На локацијата над каналот во населбата Драчевиќ во Кочани на градежно неизградено земјиште ќе никне нова населба со над 100 парцели за нови семејни куќи, истакна Димитровски.
На ова земјиште, истакна тој, општината работи на нов детален урбан истички план со што ќе бидат понудени парцели од 200 до 250 метри квадратни, а со одлука на Советот на општина Кочани ќе им бидат доделени бесплатно и ќе бидат ослободени од комуналии.
– Со такви услови, со земјиште без пари, со ослободување од комуналии, младите кочанчани за себе ќе можат да изградат куќа која ќе ги чини до 250 евра метар квадратен. Со овој проект општината директно би им излегла во пресрет на младите семејства и би дала стимул за подобар живот во Кочани, истакна Димитровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“
-
Ќерката која ја преживеа семејната трагедија во Кочани ќе остане во болница под надзор на психијатар