| четврток, 6 декември 2018 |

Кавги за Божик за погрешни подароци

christmas-treeПрвата расправија за Божик во просек започнува во 10 часот и 13 минути, покажуваат резултатите од неодамнешна студија спроведена во Британија. Другата караница започнува во 12 часот и 42 минути кога повеќето од членовите на семејството се жалат за погрешните подароци.

Родителите се караат околу 13 и 15 часот, а прилина е или затоа што таткото премногу пие или затоа што мајката е под стрес за храната.

Студијата е спроведена на 2.000 домаќинства. Таа покажува дека ручекот се служи во 14 часот и 23 минути, а расправиите започнуваат час подоцна.

Вечерните расправии започнуваат околу 18 часот и 5 минути и тоа заради далечинскиот управувач, а нова доза караница започнува околу 19 часот и 25 минути.

Проценето е дека последната фаза на расправии започнуваат околу 22 часот пред заминувањето во кревет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top