Првата расправија за Божик во просек започнува во 10 часот и 13 минути, покажуваат резултатите од неодамнешна студија спроведена во Британија. Другата караница започнува во 12 часот и 42 минути кога повеќето од членовите на семејството се жалат за погрешните подароци.
Родителите се караат околу 13 и 15 часот, а прилина е или затоа што таткото премногу пие или затоа што мајката е под стрес за храната.
Студијата е спроведена на 2.000 домаќинства. Таа покажува дека ручекот се служи во 14 часот и 23 минути, а расправиите започнуваат час подоцна.
Вечерните расправии започнуваат околу 18 часот и 5 минути и тоа заради далечинскиот управувач, а нова доза караница започнува околу 19 часот и 25 минути.
Проценето е дека последната фаза на расправии започнуваат околу 22 часот пред заминувањето во кревет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Хари и Меган ја шокираа јавноста: Ги вратија сите подароци, а задржаа само еден
-
Се продаваат подароците од свадбата на Меган и Хари: Менаџерката Клер Оливер заработила на e-bay 20 000 фунти
-
Изложба за првиот роденден на WOW Box трае и денеска и утре
-
Божикната пиеса „Новиот цар“ од Томислав Османли објавена во пресрет на Божик