| четврток, 6 декември 2018 |

Што всушност се случувало во хотелската соба од која полудениот пензионер пукал на 22 илјади луѓе?

Стивен Педок кој што уби најмалку 59 лица на концерт на кантри музика во близина на хотелот „Менделеј Беј“ во Лас Вегас во неделата, во својата хотелска соба имал 23 парчиња оружје и уреди за забрзување на огнената моќ.

Кога Педок се пријавил во собата на 32. кат во хотелот во Лас Вегас никој не забележал ништо необично. Ја резервирал собата со број 32-135 која подоцна беше опишана како најголем апартман со одличен поглед на градот, посебно на местото каде што се одржувал фестивалот на отворено и кој се случувал 400 метри од хотелот.

Вработените во хотелот тврдат дека не забележале ништо сомнително во апартамнот. Арсеналот оружје бил добро сокриен. Прозорците биле вдолж целиот апартман.

Педок, кој што е пензиониран пожарникар, набавил два уреди кои што се монтираат на полуавтоматско оружје, за тоа да работи како автоматско. Овие најнови уреди во последната година го привлекоа вниманието на американските власти затоа што со нивна помош, полуавтоматска пушка може да испука од 400 до 800 куршуми во една минута.

Полуавтоматската пушка пука по еден куршум со едно притискање, додека за целосно автомаското оружје е доволно еднаш да се притисне за оружјето непрекинато да пука се додека има муниција.

Сојузниот закон за огнено оружје дополнително бил дополнет во 1986-та година за на цивилите да им биде забрането купување и поседување на автоматско оружје, со исклучок на она кое што е претходно произведено и регистрирано.

Многу обиди за претворање на полуавтоматското во автоматско оружје пропаднаа, но во последните години на пазарот пристигнаа нови модели.

Овие уреди во основа се дополнителен потпирач на дршката на пиштолот или кундакот на пушката, па оружјето технички и формално останува полуавтоматско. Но, тој уред може да се постави така и што ќе биде „потпрен“ на чкрапалото кое што непрекинато ќе го повлекува користејќи го повратниот трзај при испукувањето на куршумите.

Убиецот од Лас Вегас, Стивен Педок имал 23 парчиња оружје во својата хотелска соба и два такви уреди за претворање на полуавтоматското во автоматско оружје. Американските власти соопштија дека тој во својот дом имал уште 19 парчиња огнено оружје.

Педок уби 59 лица и рани над 400 откако од својата хотелска соба на 32-ри кат, отвори оган кон насобраниот народ кој што присуствувал на концерт на кантри музика во Лас Вегас. Станува збор за најсмртоносниот напад со огнено оружје во историјата на Соединетите Американски Држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top