| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!

Пит Михалик, познат адвокат од Јоханесбург и адвокат на убиецот на Аркан, Добросав Гавриќ убиен  е утринава пред приватното училиште во Грин Поинт додека ги водел децата во училиште. Михалик е ликвидиран со пукање во главата, а убиецот, после заседата заминал со метлик сиво поло. Според некои информации ранет е и осумгодишниот син на адвокатот, кој со сестра му бил во автомобилот.

Михалик во адвокатските кругови е познат по тоа што застапувал голем број мафијашки водачи. Неговото убиство се поврзува со убиството на адвокатот Нурудин Хасан кој исто така работел на случајот Гавриќ.

Ова е уште едно од низаата ликвидации кои во Јужна Африка се поврзани со Срби.

Добросав Гавриќ осуден е на 35 години поради убиство на Аркан Ражнатовиќ и двајца негови пријатели Миленко Мандиќ и Драган Гариќ Гагиќ, се уште се наоѓа во домашен притвор во Јужноафриканската Република, каде е уапсен во декември 2011 година, а тамошните власти не го испорачуваат на Србија, за што многу придонел и убиениот адвокат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top