| четврток, 6 декември 2018 |

Странскиот капитал влегува во Македонија: Се продаваат државните електрани

Советникот за енергетика на македонскиот премиер Зоран Заев, од неодамна и српски и македонски државјанин Александар Обрадовиќ веќе остварил контакти со голем број компании ифондови коишто се заинтересирани да ги купат македонските енергетски капацитети, пишуваат медиумите во регионот.

Многу е можно набрзо да се случи најголемата деловна измама во последната деценија на Балканот, бидејќи една од најголемите македонски компании е државната енергетска компанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), којашто е сопственик на сите термо и хидроцентрали, на рударско енергетскиот комплекс РЕК Битола, акумулациските езера Мавровско, Дебарско, Козјак и Тиквешко. Компанијата што ќе го купи ЕЛЕМ, ќе стане сопственик и на многу други објекти, административни, туристичко-угостителски објекти, односно луксузни хотели во зимските центри во Македонија но и во странство, коишто се сопственост на компанијата, пушува порталот на алабански јазик portalishkupi.tk, а пренесува Нетпрес.

Практично, продажбата на ЕЛЕМ претставува продажба на профитабилен монопол, преку кој идниот сопственик ќе ја добие позицијата самиот да одлучува кога и како ќе капацитети ќе работат, што значи и дека самиот ќе ја формира цената на струјата на македонскиот пазар. Таквата позиција му олеснува на советникот на премиерот Заев, споменатиот Обрадовиќ, што поскоро да дојде до потенцијалните купувачи, се оценува натаму во написот

Според сознанијата на медиумите во опкружувањето, Обрадовиќ бил во интензивни преговори а веќе и остварил контакти со компании од Русија и од Европа, а ЕЛЕМ претставува дибра понуда и за пензиски фондови и за арапските инвестициски фондови.

Струјата поскапува против волјата на граѓаните, ЕУ дава зелено светло

Според европската регулатива, производството и преносот на електричната енергија мора да бидат одвоени, односно не може да имаат ист сопственик. Оваа регулатива е главниот аргумент на Владата на македонскиот премиер Заев , којашто му отвора пат за подажба на ЕЛЕМ, а и на МЕПСО, но експерите сметаат дека имајќи предвид дека компаниите имаат монополска улога во земјата, вкупната вредност на двете компании е поголема од 3 милијарди евра, пишува натаму portalishkupi.tk

Само ЕЛЕМ се проценува на повеќе од 2 милијарди евра, така што со банкарски кредит поренцијалниот купувач би станал сопственик на 51 отсто од компанијата за малку повеќе од милијарда евра. Со компанјата новиот сосптвеник ќе добие во наследство и 4.800 вработени, односно ја купува најмоќната компанија во земајта. Во Македонија во моментов е спроведена либерализаца само на нисконапонската мрежа, коај веќе е во сопственост на австриски ЕВН од пред повеќе од десет години.

Зоран Заев (л) и Александар Родиќ на средбата во премиерскиот кабинет (Фото: Влада на РМ)
Изминатите четири месеци во Македонија се води широка дебата околу приватизацијаа на ЕЛЕМ и либерализацијата на електроенергетксиот пазар, а граѓаните бурно реагираа на моното зголемување на цената на струјата по продавањето на капацитетите. Сепак, тоа не го обесхрабри советникот Обрадовиќ, бидејќи тоа би бил бизнис на кариерата за поренешниот директор Електропривреда на Србија. Провизијата којашто би ја заработил Обрадовиќ од продажбата на државаната нергетска компанија се проценува дека ќе биде меѓу 10 и 30 милиони евра

Кој е Александат Обрадовиќ?

Александар Обрадовиќ, поранешниот директор на ЕПС, које беше сменет во март минатата 2016 година поради махинаци во ова јавно претпријатие, требаше да биде главен директор на ЕЛЕМ. Обрадовиќ беше сменет од позицијата во ЕПС по низата афери, меѓу кои и непочитување на владините мерки за штедење и купување два луксузна автомобила од марката „ауди“.

Како што претходно пишуваа медиумите, Заев покрај сопственикот на рекеташкиот српски весник Курир, Александар Родиќ, во кампањата за преземање на премиерската функција го ангажирал и Обрадовиќ, кој според македонските медиуми му била ветена челната позиција во ЕЛЕМ. Иако роден во Белград и нема никакви врски со Македонијал, на Обрадовиќ Министерството за внатрешни работи по итна постапка позитивно муго реши барањето за прием во македонско државјанство. Во орбазложението на одлуката, МВР се повикува на члено 11 од Законот за државјанство, во кој е наведено дека лице може да се стекне со статус на државјанин на Република Македонија ако тоа претставува посебен научен, економски, културен и спортски национален интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top