Тито Петковски, Андреј Жерновски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов денеска дојдоа на средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тие се само дел од лидерите на опозициските партии што попладне на Бихаќка испија кафе.

На средба не беа поканети првиот човек на СНСМ, Драгиша Милетиќ, потоа лидерот на ЛП, Ивон Величковски, како и Слободан Угриновски од Титови леви сили. Не е добредојден ни Стевчо Јакимовски, кој ја формираше политичката партија ГРОМ откако беше исклучен од СДСМ. На листата на поканети лидери не се најде ниту Фијат Цановски од ПЕИ.




фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


