Информацијата што се прошири на социјалните мрежи за смртоносен „парацетамол“ е лажна и непроверена, објави Министерството за здравство на „Фејсбук.
Од таму велат дека сите заинтересирани може да се обратат до Агенцијата за лекови за дополнителни информации.
Деновиве на социјалните мрежи кружи фотографија на која е прикажан „парацетамол“ кој наводно содржи смртоносен вирус.
„Бидете внимателни да не го земате „парацетамолот“ кој доаѓа со П/500. Тоа е нов, многу бел и сјаен „парацетамол“, лекарите советуваат дека содржи machupo-вирус, кој се смета за еден од најопасните вируси во светот со висока стапка на смртност“, се вели во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во здравството: Лекувала деца без диплома и положен стручен испит
-
Ким го лажирал лансирањето на ракетите? Стручни лица најдоа грешки на фотографиите
-
Не пијте парацетамол кога имате грип
-
Наводен нов парацетамол што се продава во Македонија ги разбранува социјалните мрежи: На Фејсбук кружи предупредување