| четврток, 6 декември 2018 |

Не пијте парацетамол кога имате грип

Врз основа на резултатите на нова студија, научниците тврдат дека земањето парацетамол за ублажување на симптомите на грип, нема никакво дејство.

Во спротивност со советите на лекарите, популарниот лек не може да ја намали температурата ниту другите симптоми како болките.

Парацетамолот се смета за клучна состојка на лековите против настинка и грип.

Меѓутоа, научниците не откриле значајна разлика при тестирањето на 40 пациенти на кои им давале парацетамол за намалување на телесната температура и оние кои само мислеле да добијат парацетамол како лек.

Студијата која ја спровеле лекари од Нов Зеланд е прв „златен стандард“ на контролирано испитување на парацетамолот и плацебо таблетите.

При испитувањето лекарите откриле дека парацетамолот не е штетен, но исто така не е ниту корисен и оти нема влијание врз лекувањето на грипот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top