Вечерва на социјалните мрежи се појави предупредување за наводен нов парацетамол кој е пуштен во употреба, а во кој се наоѓа смртоносен вирус и е поставена слика од истиот.
„ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Бидете внимателни да не го земате парацетамол кој доаѓа со P/500.Тоа е нов,многу бел и сјаен парацетамол, лекарите советуваат дека содржи “Machupo” вирус, кој се смета за еден од најопасните вируси во светот, со висока смртносна стапка.Ве молиме да ја споделите оваа порака со сите луѓе на вашата листа на контакти како и со семејството и да спасите живот“ – стои на фејсбук.
Во разговор за порталот „Скопје24мк“ фармацевтот, Билјана Николова, вели дека шансата за пуштање во употреба на ваков вирус во фома на лек е многу мала, речиси невозможна, бидејќи сите лекови се подложни испитувања и на голем број на контроли за квалитет и одобрени од Комисијата за лекови и Агенцијата за лекови на Р.М.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.