| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија и Словенија со победи до полуфиналето на Мундијалот

Првите полуфиналисти на Светското првенство во ракомет се репрезентациите на Шпанија и на Словенија.

Селекција на Шпанија пред домашната публика  ја совлада Германија со 28-24 и обезбеди место меѓу четирите најдобри на мундијалот.

Германците, кои во осмина финалето ја победи Македонија, овојпат потклекнаа пред „црвената фурија“, откако по првите 30 минути водеа со 14-12. Агинагалде и Томас со по седум голови беа најефикасни кај Шпанија.

Кај Германците најефикасен беше Кристоферсен со шест погодоци.  Словенија претходно славеше во дуелот со Русија, 28-27 (14-13) и го продолжи својот престој на мундијалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top