| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Трајче Чатмов во Галерија 2.0 во Софија

Вечерва (среда, 27 септемвери) во 19:00 часот во Галерија 2.0 во Софија (Бугарија) ќе биде отворена изложбата на Трајче Чатмов…

Академскиот сликар Трајче Чатмов, ќе се претстави со дел од својот опус насловен како „Креативност и мизерија“ пред софиската публика.

Чатмов дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во класата на Рубенс Корубин – педагошко сликарство, а магистрира во класата на Родољуб Анастасов, сликање и естетика. Сликите се работени во експресионистичка постапка, доминираат силни колоритни бои, тонови, изразени линии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top